24/05/2017
holandijavoz

Зошто централите на многу од меѓународните компании се во Холандија?

Кога ќе слушнеме “даночен рај”, обично замислуваме некој далечен остров во јужните мориња. Многу поретко во нашите умови изникнуваат Холандија, Луксембург, Швајцарија и Кипар, иако во Европа се смета дека тие ги нудат најдобрите олеснувања на даночни режими.

Нема ограничувања за странските директни инвестиции

Странските компании можат да поседуваат 100% од компаниите регистрирани во Холандија. Тие можат слободно да пренесат капитал, профит и дивиденди. За инвестициите во вредност од над 4,5 милиони евра одговара посебна даночна служба во Ротердам.

Даноци по мерка

Во очите на инвеститорите една од најпривлечните работи во Холандија се т.нар. “Даночни декрети”. Тие им овозможуваат на Владата да закажат со релевантниот инвеститор посебен даночен режим, кој се однесува на неговата дејност за определен период на време, типично 10-15 години. Даночните одредби создаваат бизнис средина и даваат предвидливост на бизнисот, бидејќи, за разлика од повеќето буџетски рамки, не се менуваат секоја година.

Интелектуална сопственост

Некои земји имаат воведено различна даночна стапка со која ги оданочуваат приходите на компаниите од производи за кои држат патенти. Во Холандија оваа даночна стапка е 5% и се применува за компании кои инвестираат во технолошките иновации. Според аналитичарите иницијативата ќе доведе до загуба за буџетот во износ над 1,2 милијарди евра за 2016, што изнесува 7,6% од приходите на земјата од корпоративните даноци. Затоа пак во последните години земјата се нареди меѓу најголемите центри за стартап компании.

Бродови

Ротердам е едно од најголемите пристаништа во светот. Земјата обезбедува можност наместо профитот на бродските компании, за даночна основа да служи за тонажа на превози од нивен товар.

Субвенции

Земјата нуди различна финансиска помош на инвеститори во форма на директни субвенции, заеми, грантови за еколошки проекти и развој, премии за инвестиции, кои создаваат работни места и др.

Билатерални даночни договори

Холандија има едни од најпознатите поволни билатерални договори за одбегнување на двојното оданочување со земјите од Африка, Азија и Јужна Америка. Официјално данокот на корпоративна добивка во Холандија е 20-25% во зависност од големината на даночната основа.

 

Видете следно

Production At The Euro Mint

Намалување на депозитите и кај населението и претпријатијата

По податоците за пад на индустриското производство и по оценките на бизнисмните дека економската состојба …