Зошто во трговските центри во Хонгконг температурата е 12-14 степени?


Кога ќе дојде лето, сите во Хонгконг настинуваат. И не станува збор за температурата надвор, туку внатре. Во трговските центри и другите комерцијални објекти во Хонг Конг е многу студено.

Луксузниот мол IFC ја одржува температура од 14,5 степени целзиусови, а во прехранбените продавници температурата може да достигне до 12 степени.

Многу граѓани на Хонг Конг во текот на летото носат јакна во продавниците. Но, зошто? Може да ви делува чудно, но силната работа на климатизерите тука се смета за луксуз. Ниту еден мол нема да ја зголеми температурата, бидејќи така ќе загуби од престижот и ќе се смета за помалку луксузен од другите.

Оваа мода има висока цена – климатизерите се одговорни за околу 30% од потрошувачката на електрична енергија годишно, а во текот на летото ова отскокнува и до до 60%! Па, ако го посетувате Хонг Конг – носете си јакна. Дури и во текот на летото – за трговскиот центар!

Видете следно

Светски ден на бегалците: Бројот на мигранти секоја година поголем за по неколку милиони

Воено-политичките конфликти и прогоните во родните земји се главните причини поради кои луѓето во изминатите …