10 квалитети за успешна кариера


Успехот во канцеларијата не се мери секогаш со тоа колку работа сме сработиле. Уште поважно е какви луѓе сме всушност. Кои се нашите квалитети кои се комбинираат со одличната наша кариера?

2013-та година ќе биде година на технолошкиот развој. Вештините поврзани токму со оваа средина, ќе бидат најмногу барани, тврдат експертите и истражувачите.

Ќе ги споделиме 10-те најважни квалитети кои треба да поседувате според весникот јените:

Добриот службеник треба:

Да се разбира од технологија

Тоа секако е најважно, но внимавајте! Во оваа точка не влегуваат одличните програмерски вештини, како пишување на Java или C + +. Поважно во случајов е да можете да ги препознаете најдобрите апликации на пазарот.

Да се разбира од социјалните мрежи

Тоа е класична вештина за изминатите години. Во 2013-та ќе биде уште поважно. Социјалните мрежи одамна не се само за забава. Во нив се рекламира, и тоа доста успешно, и се создаваат корисни линкови. Facebook, на пример, ги врзува луѓето и компаниите за доста адекватен начин.

Да не престанува да се учи

Дипломата за високо образование е важна, но со неа учењето не сопира. Добриот службеник секогаш треба да биде отворен кон ново знаење. Уште повеќе што во бизнисот постојано влегуваат нови технологии и ако седите вкотвени на едно место, успехот ќе ви одмине. Курсевите се добра алтернатива. Не ги пропуштајте.

Да има желба за усовршување

Ова е продолжение на точка 3. Грешките треба да се поправат. Работете максимално за да ги отстраните. Најважно е да настојувате да работите побрзо, подобро, поевтино и секогаш во тим.

Да има глобална перспектива

Следете ја конкуренцијата и клиентите како во земјата, така и во странство. Така ќе можете да се снајдете подобро во стратегиите кои ќе се применат подоцна.

Да рекламира онлајн

Присуството онлајн е повеќе од важно. Денес поголемиот дел од рекламирањето се извршува токму таму. Не само Facebook, а мрежата како целина. Вие како вреден вработен мора да имате добар надзор над тоа каде би било најуспешно да се рекламирате – социјалните мрежи, сајтови или форуми.

Да биде претприемач

Тоа е вештината за човекот да гледа и нуди одговори на прашањата кои бизнис средината ги создава. Желбата за фирмата во која работи, секогаш треба да е на прво место со минимален процент на грешки и на прашања без правилен одговор.

Да биде подвижен, брз, флексибилен

Флексибилноста е вештина која се цени високо и е важно соодветно прилагодување кон секоја средина. Светот во кој живееме, постојано се менува, а најдобриот службеник мора да го прифати брзо и навремено.

Да се комуникативни

Едвај овој концепт треба да се објаснува. Комуникативността на работното место е важно за добро завршената работа. Важна е комуникацијата како со тимот, така и со клиентите, рекламите и раководството.

Да се оптимисти

Без разлика што се случува со економијата, вештината треба да наоѓа можност во секоја ситуација. Светлината на крајот од тунелот секогаш се гледа порано или подоцна. Важно е трпение. 


Видете следно

Хорор за време на летот Келн – Скопје: Погледнете што се случувало во авионот

На вчерашниот лет од Келн кон Скопје се случија големи турбуленции. Како што дознава порталот …