10% од профилите на Facebook не се луѓе


Над 10% од корисниците на Facebook не се луѓе. Тоа опфаќа 100 милиони профили на социјалната мрежа. Всушност овие профили се на компании, производи, трговски марки и дури и миленичиња, покажува истражувањето на eMarketer.

Еден таков случај е кучето на основачот на Facebook Марк Цукерберг. Тоа има 1,5 милиони пријатели.

Профилите на луѓето на Facebook изнесуваат околу 890 милиони, а се очекува до 2014 година да има 1,11 милијарди луѓе кои ќе имаат профили на социјалната мрежа, велат експертите во друштво на Цукерберг.

Во моментов најголем раст на бројот корисници се забележува во Индија, земјите од Блискиот Исток и Африка. Во секој од овие региони до крајот на годината се очекува да биде забележано зголемување на корисниците со 30%.

Во САД и Западна Европа процесот е со доста скромно темпо. Луѓето кои се занимаваат со инвестиции во Facebook, се загрижени дека тинејџерите губат интерес во оваа мрежа и се селат во сајтовите како Twitter.

Во Западна Европа, само 37% од луѓето активно ја користат оваа социјална мрежа. Сепак од eMarketer предвидуваат дека во 2017 година корисниците на Facebook ќе достигнат 54,7% од корисниците на интернет луѓето. Денес бројката е 42,6%.


Видете следно

РКЕ:Стартува дефинирањетона принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листата на ранливи потрошувачи

Стартува дефинирањетона принципите врз основа на кои ќе се  прошири постојната листата на ранливи потрошувачи …