10те земји со најмногу злато од почетокот на 2018 година


Во последните години во топ 10 на централните банки со најголеми златни резерви речиси нема промени во однос на земјите во него, но има во однос на нивните резерви на благородни метали. САД продолжуваат да се на прво место со резерви над 8.000 тони, што е еднакво на резервите на следните три земји во рангирањето.

Шест години по ред пак Русија е најголемиот купувач на злато, и нејзините резерви веќе надминуваат 220 тони, претекнувајќи ја Кина, која е на петтото место, покажува истражувањето GFMS Gold Survey.

Во исто време втора година по ред Венецуела е најголем продавач на жолтиот метал.

И тука се земјите со најголеми резерви на злато во првите месеци од 2018 година:

10. Индија – 560,3 тони / 5,5% од резервите на земјата;

9. Холандија – 612,5 тони / 68,2% од резервите на земјата;

8. Јапонија – 765,2 тони / 2,5% од резервите на земјата;

7. Швајцарија – 1040 тони / 5,3% од резервите на земјата;

6. Кина – 1.842,6 тони / 2,4% од резервите на земјата;

5. Русија – 1909,8 тони / 17,6% од резервите на земјата;

4. Франција – 2436 тони / 63,9% од резервите на земјата;

3. Италија – 2451,8 тони / 67,9% од резервите на земјата;

2. Германија – 3371 тони / 70,6% од резервите на земјата;

1. САД – 8133,5 тони / 75,2% од резервите на земјата;

Видете следно

Градоначалникот Георгиевски се сретна со италијанскиот амбасадор во  Р. Македонија, Карло Ромео

Градоначалникот на Бази Баба, Борис Георгиевски, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, …