11.1% невработеност во Турција


Невработеноста во Турција во август била 11,1%, соопшти турската телевизија НТВ, повикувајќи се на податоци на Турскиот институт за статистика.

Вкупниот број на регистрирани невработени во земјата бил 3 милиони и 670 илјади лица. Невработеноста во август се зголемила за 0,5% во однос на истиот месец во 2017 година, a во август невработеностa се зголемила за 0,3% во однос на претходниот месец.

Невработеноста меѓу младите луѓе се зголемила за 0,2% до 20,8%.

Турција е најзагрозената растечка економија, оценуваат експертите.


Видете следно

Зголемен индексот на прометот во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во октомври …