13.6 % повеќе издадени одобренија за градење во однос на истиот месец од претходната година


Според податоците на Државниот завод за статистика во декември 2018 година се издадени 292 одобренија за градење, што е за 13.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 519 871 илјада денари, што е за 392.4 % повeќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 172 (58.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (14.4 %) за објекти од нискоградба и 78 (26.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 292 објекти, на 185 (63.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 107 (36.6 %) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 331 стан, со вкупна корисна површина од 37 669 м2 .


Видете следно

Коста Ивановски, CFA назначен за нов член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

Според последните промени во органите на управување на Сава пензиско друштво АД Скопје, Коста Ивановски, …