13 август е денот на леваците – Зошто тие се посебни луѓе?!


Порано имало многу предрасуди за луѓето што пишуват со лева рака. Ги врзувале со Сатаната, 25 пати се споменати во Библијата во негативен контекст, а тоа дури и било основа за развод во Јапонија во XX-от век.

Треба да имате на ум дека леваците живеат во светот на деснаците, опкружени се со технологија и направи за лицата што ја користат десната рака, како што се ножици, тетратки со спирали, тастатура… Но леваците се исклучителни во некои работи.

1) Тие се подобри љубовници

Спред едно истражување, 86% од леваците изјавиле дека се „исклучително задоволни“ од својот сексуален живот, во однос на само 15 % од деснаците што можат да се пофалат со тоа. Причините за тоа не се познати, но други студии укажуваат дека можеби се работи за тоа што леваците имаат подобро чувство за ритам.

2) Тие се лидери

Четворица од последните седум американски претседатели биле леваци: Обама, Бил Клинтон, Џорџ Х. Буш и Џералд Форд. Првите дизајнери на компјутерите – четворица од петорица биле леваци.

3) Тие се гении

Не само што се проникливи во спалната соба, туку својата интелигенција ја покажуваат и на друго поле. Не пример, 20 % од членовите на Менса се леваци.

Теоријата вели дека тие се приморани да ги користат двете страни на мозокот многу почесто.

Меѓу славните големи умови леваци биле Чарлс Дарвин, Алберт Ајнштајн и Бенџамин Френклин. Меѓу оние со коефициент на интелигенција над 140 повеќето се леваци од деснаци.

4) Ретки се

Само 15 % од светската популација се леваци, така што може да се каже дека се „ретки ѕверки“. Но бидејќи претставуваат малцинство, тоа не значи дека ќе изумрат. Истражувачите објаснуваат дека леваците се шампиони во преживување. Добра вест за осамените дами што бараат партнер левак е што има повеќе мажи отколку жени леваци. Значи, понудата не е толку мала.

5) Знаат да заработат пари

Леваците се поуспешни и побогати.

6) Добри се во мултитаскинг

Нивниот мозок мора да работи побрзо. Затоа им е полесно да ги сортираат многуте неорганизирани информации. Подобри се и во играњето видеоигри.

7) Креативни се

Тие се и уметнички души, иновативни и креативни. Бидејќи повеќе ја користат десната страна од мозокот, која се користи за активности за кои се потребни имагинација, емоции и креативност, тие се подобри музичари, сликари и подобро се снаоѓаат со странските јазици. Или само требаше да се каже дека Леонардо да Винчи и Микеланџело биле леваци?

 


Видете следно

Хорор за време на летот Келн – Скопје: Погледнете што се случувало во авионот

На вчерашниот лет од Келн кон Скопје се случија големи турбуленции. Како што дознава порталот …