13-то издание на фестивал со улични изведувачи-Баскерфест 2018


Од 12-17 јуни на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи 13-тото издание на фестивалот со улични изведувачи „Баскерфест“ 2018. Над 30 улични артисти од разни краеви на светот во театарот под отворено небо шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје. Оваа година, на програмата  на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери како и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни  и уште многу забавни содржини за сите посетители.

Фестивалот е поддржан од град Скопје.

Видете следно

Фестивалот на европски филм CINEDAYS чиј организатор е Младинскиот културен центар се здоби со големото признание

Фестивалот на европски филм CINEDAYS чиј организатор е Младинскиот културен центар, културна установа на Градот …