14 заеднички карактеристики на милијардерите


Во светот има 12 милиони милионери и едвај 2 325 милијардери. Ова е еден ексклузивен клуб во кој членуваат луѓе како Ворен Бафет, Џек Ма и Опра Винфри.

Студијата на Wealth-X за милијардери во светот открива некои нивни заеднички карактеристики, според Business Insider.

Еве ги и нив:

• Ако постои концепт како просечен милијардер, тогаш тој или таа има околу 3 милијарди долари. Тоа е приближно износот на кој се проценува Snapchat.

• Генералната состојба на милијардери во светот изнесува 7,3 трилиони долари, што е за 12% повеќе во споредба со минатата година. Сумата е повисока од вкупната пазарна капитализација на сите компании од берзанскиот индекс Dow Jones. Презентирано на сосема друг начин, ако сите милијардери во светот одлучат да ги здружат силите и да формираат држава, нивната општа состојба ќе биде поголема од БДП-то на Јапонија.

• Овие 2 325 милијардери контролираат 4% од богатството на домаќинствата во светот.

• На секои 3 милиони луѓе во светот се паѓа по 1 милијардер.

• Европа може да се пофали со повеќе милијардери од било кој друг континент – 775.

• САД, пак, има повеќе од било која друга земја – 571 милијардери. Во земјата има 57 нови милијардери само во последната година.

• Вкупно 60% од милијардерите во светот се стекнале сами со богатството. Во исто време 26.9% станаа милијардери од реинвестирање на наследено семејно богатство, а 13% од милијардерите директно ги наследиле своите пари.

• Да станеш милијардер одзема време. Просечната возраст на милијардерите e 63 години, а вкупно 93% од милијардерите во светот се на возраст над 45 години.

• Милијардерите инвестираат доста во недвижности, и инвестициите изнесуваат околу 160 милиони долари на човек. Тие имаат во просек по околу четири имоти.

• Милијардерите имаат склоност и кон луксузни средства надвор од секторот на недвижности, кои се навистина забавни. На пример еден на секои 30 милијардери поседува спортски тим или конкурентен коњ. Други значајни луксузни средства се јахти, авиони, автомобили и уметнички предмети.

• Милијардерите паѓаат на брачниот живот. Повеќето од нив имаат брак.

• Милијардерите ги сакаат универзитетите од таканаречената Брашланова лига. Милијардерите во светот посетувале над 700 различни универзитети. 25 лица учеле на Универзитетот во Пенсилванија, 22 лица во Харвард, а 20 во Јеил.

• Изненадувачки многу милијардери немаат завршено високо образование – 35%.

• Доста од милијардерите работат во областа на финансиите. Скоро 20% од милијардерите направиле кариера на Вол Стрит. И најверојатно живеат во Њујорк.

 


Видете следно

Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите

Скопје, 25 септември 2020 (МИА) – Вкупно 79,5 милиони евра за мерката финансиска поддршка од …