177 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.


Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за непрописно престигнување и обиколување, шест за непочитување на првенство на минување…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Видете следно

Општина Штип ќе ангажира 30 лица со ниски квалификации

Општина Штип ќе вработи 30 лица со ниски квалификации. Тие ќе бидат вклучени во проекти …