183 санкционирани возачи во Скопје, 58 за брзо возење


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.


Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Видете следно

Продолжува „сагата” на поднесување бизарни претставки до АХВ

Сосед ги храни уличните кучиња и мачки кои се собираат во голем број, а потоа …