2.5 милиони евра за македонски проекти од Регионалниот фонд за предизвици


На денешната национална конференција во Македонија, Фондот за регионални предизвици го претстави  првиот повик за поддршка на инвестиции во кооперативна обука со вкупен фонд на средства од 2,5 милиони евра за македонски проекти . Фондот има за цел зајакнување на квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука, преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани проекти за кооперативна обука што се спроведуваат преку партнерства помеѓу центри за стручна обука и претпријатија.

На настанот свое обраќање имаа министерката за образование и наука, Мила Царовска, амбасадорот на Германија во Северна Македонија, Н.Е. Анке Холштајн, Рене Ешеман, директор на канцеларија на KfW за Косово и Северна Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ, извршен директор на Стопанска комора на Македонија, Фридер Верман, Регионален фонд за предизвици, Единица за управување со фондови, раководител на тимот, Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германската индустрија во Северна Македонија, Албанија и Косово и Курт Витрих, раководител на тим во Образование за вработување, Хелветас, Северна Македонија, а присуствуваа претставници на јавните институции надлежни за стручно образование и обука, меѓународни организации и иницијативи, стопански комори, даватели на стручна обука, претпријатија и здруженија.


Видете следно

„Епл” купиле околу 100 компании во последните шест години

„Епл” купи околу 100 компании во последните шест години, откри извршниот директор на компанијата Тим …