2013 година ќе биде уште потешка за шпанската економија


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) даде прогноза за економијата на Шпанија за 2013 година. Од Фондот предвидуваат дека во тековната година рецесијата ќе биде подлабока во споредба со 2012 година, објави весникот “Ел Паис”.

ММФ објави дека очекува БДП на Шпанија да се намали за 1,5% во 2013 година. Есенската прогноза беше намалување од 1,4%. Во исто време, шпанската влада прогнозира дека БДП ќе се намали за само 0,5%.

Според ММФ во 2012 година шпанската економија паднала за 1,4%, што е блиску до податоците на Централната банка на Шпанија за намалување од 1,3%, пишува Фокус.

Во меѓувреме беше објавено дека во последното тримесечје од минатата година нивото на невработеност во Шпанија го достигна највисокото ниво во најновата историја на државата – 26.02 отсто, што е за процент над нивото за претходните три месеци. Бројот на невработени се зголемил за 187 300 луѓе, според националниот институт за статистика на Шпанија.


Видете следно

Регулаторна: нема да има исклучување од струја, парно и вода додека вонредната состојба е на сила

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ  ја известува јавноста дека останува во …