25 000 потрошувачи го испратија Facebook на суд


Кампања за заштита на личните податоци собра 25 000 корисници на Facebook кои поднесоа колективна тужба против социјалната мрежа, јави “Би-Би-Си”.

Тие ја обвинуваат компанијата дека сајтот ја следи активноста на корисниците онлајн и офлајн и така ги прекршува европските закони. Како дел од обвинението е и тврдењето дека компанијата соработува со PRISM – системот за набљудување на САД.

Тужбата е поднесена против застапеноста на Facebook во Ирска, која одговара за сите профили на корисниците надвор од Северна Америка.

Обвиненијата се поврзани со тоа дека Facebook ги прекршува законите за заштита на личните податоци во Европската унија, воведувајќи Graph Search – опција која им овозможува на луѓето да ја следат активноста на други во мрежата, како и External website tracking за следење на корисниците преку копчето “Ми се допаѓа” вградено во други сајтови.

 


Видете следно

Приказна за гипсот раскажана во 25 години

Велат дека е материјал на иднината. Но, е материјал и на минатото. Од антиката до …