25-годишен полицаец од Тетово застрелал две момчиња


Две лица синоќа се повредени од огнено оружје откако во нив пукал 25 годишен полициски службеник кој не бил на работа. Како што соопштуваат од МВР, лицата Ф.В.(26) и А.Х.(22), се од село Вејце, Тетовско, и биле примени во тетовската болница со прострелни рани од огнено оружје.

Десет минути откако се случило дејствието, 25 годишниот полициски службеник Н.Х. сам се пријавил во полициската станица во Тетово, признавајќи дека со службениот пиштол пукал во двете момчиња.

Полицискиот службеник бил задржан во полиција а за случајот е известен и секторот за Внатрешна конторла.


Видете следно

Заев бил сниман од Александар Верушевски на ручек во Струмица во 2016

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска одговорајќи на новинарско прашање кој го снимал на еден …