25% од населението на ЕУ е во ризик од сиромаштија


Во 2012 скоро една четвртина од населението на Европската унија / ЕУ / била во ризик од сиромаштија и социјално исклучување, покажуваат податоците на Евростат. За споредба во 2011 тие беа 24,3%, а во 2008 – 23,7 %.

Највисоки нивоа на луѓе во ризик од сиромаштија во 2012 има во Бугарија – 49 %; Романија – 42%, Латвија – 37% и Грција – 35%. Најмал ризик од сиромаштија имаат луѓето во Холандија и Чешка – 15%, Финска – 17% и Шведска и Луксембург – 18%.

17 % од населението во ЕУ е загрозена од сиромаштија по показателите за ниски приходи. Најголема сиромаштија во Грција и Романија – 23%, Шпанија – 22%, Бугарија и Хрватска – 21%.

Луѓето кои страдаат од тешка материјална беда во ЕУ се 10% . Тоа значи дека тие немаат можност да си ги платат сметките, да го загреваат станот или да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома. Во Романија тоа се 30% и 26% во Латвија и Унгарија. Земјите со најмал ризик од тешка материјална беда се Луксембург и Шведска – 1 %, Холандија – 2 %, Данска и Финска – 3% и Австрија – 4%.

10 % од населението во Европа живее во домаќинства со ниско ниво на вработеност, што значи дека возрасните членови на домаќинството го изработиле помалку од 20% од работниот потенцијал во текот на изминатата година. Земјите во кои овој показател се највисоки се Хрватска – 16%, Шпанија, Грција и Белгија 14%.


Видете следно

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на …