27-годишен стана милиардер од криптовалути


Основачот на блокчејн мрежата Ethereum Vitali Buterik стана најмладиот милијардер во светот на криптовалутите. Тој има 27 години.

Етереум ја премина границата од 3.000 американски долари за прв пат во историјата во понеделникот и во моментов се тргува со околу 3.250 долари.


Растот од почетокот на годината е 325%, што ја прави криптовалутата една од активите со најдобри перформанси за 2021 година.

Според Форбс, Бутерик поседува 333.520 етери, проценети на нешто повеќе од 1 милијарда долари.

„Потсетувам: крипто-валутите се уште се нова и хиперволативна класа на средства и нивната вредност може да падне на нула во секој момент“, напиша Виталик Бутерик на Твитер пред некое време.


Видете следно

Анализа на Уникредит: Кинески заеми на Западен Балкан од три до 20 отсто од БДП

Кинеските заеми на Западен Балкан привлекуваат сè поголемо внимание како резултат на геополитичките и економските …