30 роденденски свеќи за SEAT Ibiza


– Од најдобро продаваниот и најмногу извезуваниот автомобил продадени се близу 5 милиони примероци

– Моделот дебитираше во фабриката во Марторел во 1993

– Џуџаро, Де Силва и Донкерволке ги ставија своите потписи на четирите генерации

– Специјалниот модел „Ibiza 30”, кој ја одбележува годишнината, ќе излезе на крајот на јуни

Во 1984 година, додека светот аплаудирашер на промоцијата на првиот Apple Mac компјутер, а кога компактниот диск стана многу популарен, истата година беше претставена и првата SEAT Ibiza во фабриката Зона Франка во Барселона. Ibiza е најуспешниот модел во историјата на брендот.

Оваа година SEAT ја прославува 30-годишнината на моделот Ibiza, автомобил кој беше клучен играч, а денес се смета и за најхаризматичен во историјата на брендот SEAT. Досега вкупно се продадени близу 5 милиони возила. Доколку постои автомобил кој ја идентификува Шпанија во осумдесеттите години – динамичен, амбициозен и пионерски – тогаш тоа дефинитивно е SEAT Ibiza. Поткрепена со името на медитеранскиот остров според кој го доби своето име, автомобилот Ibiza со своето лансирање означи пресвртница во автомобилската индустрија.


Видете следно

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2019 година изнесува 3.6 %

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) …