3000 грчки банкари напуштаат работа до крајот на годината


Се очекува 3000 банкарски службеници во Грција да ја напуштaт работата до крајот на 2013 година или најдоцна во првите месеци на 2014 година.

Тие се вработени во четирите основни банки кај нашиот јужен сосед – Јуробанк, Народната банка, Банка Пиреја и Алфа банк.

Персоналот на банките се намалува по програми за доброволно напуштање на вработените. Намалувањата може да ги присили повеќе вработени да ја напуштат работата, за да ги искористат предностите на поволни услови за пензионирање во моментов.

Европската унија заедно СП ММФ и Европската централна банка побараа банкарските филијали да го намалат персоналот преку доброволно напуштање, со големи кратења на платите.


Видете следно

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата …