301 санкции за пребрзо возење


Во текот на вчерашниот ден (21.06.2022), Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 301 возачи. Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 143 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 158 надвор од населено место.

За време на акциската контрола санкционирани биле и 111 други видови прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Видете следно

Сончево и топло, попладне појава на пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните …