33 возачи вчера управувале возила со брзина поголема од дозволената


Во текот на изминатиот ден (13.08.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, шест со лесни телесни повреди и три со материјална штета, информираат од МВР.

Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 10 лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 33 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои двајца поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 12 возачи поради тоа управувале возило пред да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач-почетник.

Исто така, исклучени од сообраќај биле и 16 возила затоа што 15 биле нерегистрирани и едно возило бидејќи било технички неисправно. Во текот на изминатиот ден издадени се 115 мандатни платни налози.

Видете следно

Заменик министерот за образование и наука ја промовираше книгата NYJET MULTIETNIKE MAQEDONASE (МАКЕДОНСКИ МУЛТИЕТНИЧКИ ЈАЗЛИ)

Во просториите на Универзитетот во Тетово на 19 септември 2018 година беше промовирана книгата NYJET …