35-доларски таблети го преплавуваат пазарот


Цената на таблетите може нагло да падне како резултат на зголемената побарувачка и поевтинувањето но компонентите, предвиде аналитичката компанија Tirias Research. Силно влијание врз цените ќе имаат кинеските производители на електронски компоненти.

И во моментов на пазарот се достапни таблети на цена околу 50 долари. Обично тие имаат 7-инчен екран со ниска резолуција или dual-core процесор од кинеската компанија Allwinner.

Наскоро на пазарот ќе се појават уште поевтини уреди. Allwinner планира да започне производство на quad-core процесорот A33 на база ARM Cortex-A7 со цена само од $ 4. Благодарение на овој чип, ќе излезат ултраевтини таблети по 35 долари.

Процесорот А33 вклучува и графички потсистем кој поддржува слики со резолуција 1280х800 пиксели. Па, производителите на евтини таблети ќе можат да вградат во нив екрани со повисок квалитет.

Се очекува A33 да најде примена во производите на непознати кинески производители, кои на многу пазари се продаваат со локални брендови. Слична практика ќе следи и кај смартфоните.

Allwinner веќе испорача неколку серии А33 на производителите на мобилни уреди за тестирање цели. Масовното производство на новиот процесор се очекува да започне наскоро.

Принципиелно, повеќето ултраевтини таблети немаат пристап до апликациите од онлајн каталогот Google Play. Но цената од 35 долари е многу сериозен аргумент за купување на сличен уред, дури и само со цел запознавање со таблетите.


Видете следно

Приказна за гипсот раскажана во 25 години

Велат дека е материјал на иднината. Но, е материјал и на минатото. Од антиката до …