365 делегати ќе бираат Претседател, Генерален секретар, Централен одбор како и Надзорен одбор на Либерално демократската партија


Синоќа Централниот одбор на Либерално демократската партија, во хотелот Континентал, ја одржа својата 14 седница.

На седницата, членовите на Централниот одбор едногласно донесоа одлука за одржување на 7 редовно Собрание на ЛДП, кое ќе се одржи на 16 декември 2018 година (недела), со почеток во 12 часот, во хотелот Александар Палас во Скопје.

На Собранието, 365 делегати ќе бираат Претседател, Генерален секретар, Централен одбор како и Надзорен одбор на партијата.

Покрај изборот на ново раководство на партијата, делегатите ќе расправаат и за собраниските документи, програмски декларации и резолуции, како и за промена на Статутот на партијата.
42 општински организации , Форумот на жени на ЛДП и Градската организација на ЛДП до 30 ноември ќе изберат нови делегати на Собранието а исто така ќе ги дадат предлозите за членови на новите состави на Централниот и Надзорниот одбор.

Заинтересираните кандидати за Претседател и Генерален секретар согласно одлуките на Централниот одбор своите кандидатури треба да ги достават до новоформираниот организационен одбор за подготовка на 7-то Собрание во состав: Игор Вељановски, Зоран Шапуриќ, Јулиана Николова, Моника Зајкова и Зоран Павловски.

На Собранието покрај 365-те делегати ќе присуствуваат и 300 гости од општинските организации на ЛДП.

Покрај донесените одлуки за одржување на Собрание, на седницата на Централниот одбор се разгледа и актуелната политичка состојба во државата


Видете следно

Со менторство до побрз развој на човечките ресурси во компаниите

Законско регулирање на менторството на работното место,  потреба од изготвување на стандард кој воедно ќе …