39 лица од Дојран се заболени од коронавирус


Министерството за здравство вчера информираше дека во последните 24 часа биле направени направени 3200 тестирања, а регистрирани се 1237 нови случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 52449, бројката на оздравени пациенти е 30952, на починати е 1462, а бројот на активни случаи изнесува 20035.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов во Гевгелија се регистрирани вкупно 621, активни 219 (39 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 114 на Богданци и 12 се странски државјани)

Пред некој ден беше забележана првата ковид жртва во општина Дојран.


Видете следно

Бочварски: Државата ќе помогне во управувањето со крајбрежјето на Охридското Езеро

Државата нема намера да презема од ингеренциите на општините, но секако дека ќе им помогне …