5 Февруари е Светски ден за побезбеден интернет – 10 препораки како да се заштитиме себе си и нашите деца


Користењето на интернетот и социјалните медиуми е секојдневна навика на речиси секој човек во Република Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2018 година, 79.3 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Учеството на домаќинствата според типот на населеното место со фиксен широкопојасен интернет во вкупниот број домаќинства изнесувал 70.4 % во 2018 година.

Во истиот период, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 79.2%, а 68.7 % го користеле секој ден или речиси секој ден. Мобилниот телефон или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години (91.8 %).

Како медиум во секојдневната комуникација, интернетот претставува револуционерен пронајдок кој предизвика фундаментални промени во општеството, а масовизацијата на користење на интернетот го промени деловното работење, образованието, здравствената заштита, работата на властите, начинот на кој комуницираме со нашите пријатели и блиски итн.

Меѓутоа, неправилното користење на интернетот, особено од страна на децата може да доведе до опасности и ризици. Од исклучителна важност е граѓаните да се информираат околу тоа што смеат, а што не треба да прават онлајн, односно на што да внимаваме и како да се заштитиме себе си и особено најмалите во интернет просторот.

Во пресрет на Светскиот ден за побезбеден интернет кој годинава се одбележува на 5 февруари и претставува дел од глобалното движење за подигање на свеста и промоција на побезбеден интернет за сите корисници, особено помеѓу децата и младите, претставуваме 10 Совети за безбедно користење на интернет просторот кои за потребите на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи ги изработи специјалистот за односи со јавност и нови медиуми, Бојан Кордалов.

  1. Балансирајте го времето поминато во онлајн светот

Денот ниту почнува, ниту завршува со интернетот, иако на дел од нас ни се чини дека е така. Во текот на денот има и треба да има и многу други офлајн активности кои ќе ги правиме заедно со нашите деца. На пример, заеднички појадок и ручек, друштвени игри кои заедно ќе ги играме, редење на сложувалки, разговор, спортски активности, прошетка или планинарење итн. Изборот е голем, а креативноста е оставена на секој од нас.

Но, не заборавајте дека токму родителите и возрасните се одговорни да ги постават „правилата на игра“, а не децата. На пример, заедно со децата може да изгледате одредено видео на Јутјуб кое покажува како дома да направите празнични украси или колачи, Потоа заедно одите да ги купите намирниците, па се враќате дома и заеднички ги правите овие слатки. На овој начин може да исполните неколку часа прекрасно поминато време и да направите супер комбинација на онлајн и офлајн активности поминати заедно со вашето дете.

Со други зборови, научете се себе си, а со тоа и децата дека поминувањето слободно време и забава на интернет доаѓа како награда по сработените задачи и активности. Односно, откако малото дете ќе го изеде ручекот или собере расфрланите играчки; откако учениците ќе ги завршат училишните обврски; а возрасните ќе ги завршат зададените задачи во потребните рокови. И најважно од сè, правилата во интернет просторот е потребно да ги почитуваме сите во семејството. Ако му браните на вашето дете да гледа онлајн видеа, а истовремено вие постојано „висите“ на чет апликациите, можете само да направите спротивен ефект и да го изгубите авторитетот кај децата.

Не може да очекувате детето да изгради однос и баланс во користењето на мобилниот телефон или компјутерот, доколку вие 24 часа типкате на вашиот телефон или таблет. Бидејќи детето ќе го следи вашиот пример и ќе смета дека седењето на интернет е правило кое треба да се применува во текот на целиот ден.

  1. Прво прочитајте, па прифатете

Пред да го стиснете копчето „прифати“ (accept) потребно е да ги прочитате условите под кои симнувате одредена апликација или инсталирате некоја програма. На истите правила уште од мали треба да ги научиме и нашите деца за да разберат дека имаат и сносат одговорност за своето однесување додека се во онлајн сферата. На тој начин ќе градиме свесни индивидуи за ризиците кои постојат во интернетот и на социјалните мрежи, но и личности кои ќе сфатат дека дали ќе се впуштат во некоја несакана „авантура“ зависи првенствено од нив.

Едноставно, како што ги учиме на правилата во сообраќајот со цел да можат безбедно да поминат улица или некоја крстосница, на истиот начин ги воведуваме и во правилата во интернет просторот. На тој начин градиме зрели личности кои ќе се грижат за својата онлајн репутација.



Видете следно

Победнички пат: Новата Opel Corsa е „компаниски автомобил на годината“

Техничар, курир или извршен директор – сите видови на професии возат автомобили што им се …