5 глобални трендови за 2013!


На што треба да посвети внимание бизнисот во претстојната година? Кои се трендовите кои ќе поставуваат насоки за развој во 2013? Меѓународните експерти ги сумираат прогнозите во извештајот Global Trends Report за 2013.

Видете ги трендовите на кои бизнис лидерите мора да посветат внимание во 2013:

1. Се е социјално!
Мобилноста и врските ќе бидат основа на идната деловна средина. Комуникациите и маркетингот ќе се лизгаат на линкови еден кон еден кон комуникацијата. Авторите на извештајот советуваат да се посвети внимание на видеомаркетингот и игро-визацијата.

2. Редефинирање на поимот “вредност”
Идејата за тоа што е вредно, ќе биде редефинирано во 21 век. За корисниците повеќе значајна станува персонализацијата. Тие сакаат да учествуваат во создавањето на вредност, го менуваат начинот на размислување од “направено за мене” до “направено со мене”. Драгоцено ќе биде исто и “поделено со мене”, како дел од растечката економија без сопственост (ownerless economy). Авторите на извештајот советуваат да се посвети внимание на социјалното споделување (да дозволиш да се користи колата ти пример, додека ти не ја возиш).

3. Децентрализација на сè. Мобилност во производството и потрошувачката
Мобилноста влегува во нова фаза. Потрошувачката ќе е насекаде и во секое време. Работата исто се повеќе ќе се децентрализира. 3D печатачот ќе го промени производството, а онлајн платформите за обука, кои прават достапно образование за повеќе луѓе, ќе го револуционизира системот. Авторите на извештајот советуваат да се посвети внимание на краудсорсингот.

4. Следната “индустриска” револуција – роботи и паметни машини
Најпаметните машини и роботи ќе го променат општеството. Се повеќе роботи ќе бидат искористени како рецепционери, банкарски соработници, па дури и чуварите во затворите. На овој начин технологијата ќе им овозможи и на аматерите да прават она што го правеа само професионалците.
Позитивна страна: справување со проблемот, грижа за возрасното население.
Негативна страна: зголемување на невработеноста. Следниот бран “паметни” машини ќе создаде и нов тип професии. Предизвикот ќе биде обезбедување на подготвена и квалификувана работна сила за овие работни места.

5. Банките на иднината
Дигиталните паричници, мобилното банкарство и бартерот ќе го трансформираат финансискиот систем. Во иднина сè помалку ќе се потпира на парите, а банките веќе нема да играат клучна улога.


Видете следно

Османи: Почнаа разговорите СДСМ-ДУИ, не исклучуваме разговори и со други партии

Скопје, 6 август 2020 (МИА) – Бујар Османи, вицепремиер и портпарол од ДУИ вели дека за …