5-годишно британче стана најмладиот ИТ специјалист во светот


Британецот од пакистанско потекло Ајан Куреши е најмладиот компјутерски стручњак со сертификат од Microsoft во светот. Петгодишното момче од англискиот град Ковентри, го поминало успешно тестот на Microsoft за сертификација на професионалци, пренесе BBC.

Тестот е тежок, но и доста интересен, рече Куреши за BBC. Тој додава дека сонува да работи за британската Силиконската долина.

Британчето дури си создало домашна компјутерска мрежа. Интерес за компјутерите момчето појавило уште на 3-годишна возраст, раскажува за BBC неговиот татко, кој е програмер.

kuresi


Видете следно

Се помалку се запишуваат студенти на високите стручни школи и факултетите

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република …