500 деца во Прилеп ќе се дружат на свечен Божиќен Ручек и ќе го слават Христовото раѓање


Оваа година по 13-ти пат, традиционално, во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, со почеток во 12:00 часот, 500 деца ќе се дружат на свечен Божиќен Ручек и ќе го слават Христовото раѓање. Оваа година, по 10-ти пат на оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува престижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание му се доделува на г-дин Живко Мукаетов, Генерален Директор на А.Д. „Алкалоид“ од Скопје.

Петстотини деца од целата територија на Република Македонија на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање и на таа заедничка трпеза ќе седнат деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската Амбасада. Децата се од Прилеп, од Скопје, Штип, Тетово, Крушево, Демир Капија, Струмица и од другите градови ширум државава. Исто така, како во нашите програмски задачи и Конвенцијата за правата на децата за еднаквоста на децата, а во интерес на нашето мото „Едно небо за сите деца“ на оваа Божиќна трпеза имаме покането и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат. На сите деца ќе им се доделат пакетчина за слатки сеќавања на Божиќниот Ручек, за кои се погрижи Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Илија Јованоски.

Божиќниот Ручек ќе го благослови Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар. За збогатување на свеченоста ќе се погрижат од танц студио „Зодијак“ од Прилеп и Марија Костоска, a како и секој Божиќ, за уште повесела забава на овој Божиќен Ручек, ќе настапи македонскиот идол Христијан Тодороски.

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, ќе има и доделување на ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската Амбасада за Сите Деца во Светот одлучи да ги додели на најзаслужните, а тоа се: А.Д. „Мермерен комбинат“ од Прилеп, ДГТ „Жикол“ од Струмица.

Организацијата на овој 13-ти по ред Божиќен Ручек за 500 деца успешно се реализира благодарение на пријателите на децата и Детската Амбасада, ЕЛС на Општина Прилеп, Алкалоид А.Д. од Скопје, Кромберт и Шуберт од Битола, А.Д. Реплек од Скопје, Жикол од Струмица, Прилепска Пивара од Прилеп, Млекара А.Д. Битола од Битола, Винчини од Виница. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Алфа Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Сити медиа, Акцент медиа, Радио 5 чоки и Радио Холидеј, веб порталите Плус Инфо, Бриф, Слободен печат, 10без10, Шеталиште, Маркукуле и Инфокомпас.


Видете следно

Шестата генерација на Opel Corsa вози на струја

  Opel вози електрично. Со новата шеста генерација на Corsa, германскиот производител на автомобили првпат …