$ 511 милиони загуба за Twitter


Нето загуба во износ од 511 милиони долари има Twitter за последното тримесечје на 2013 година. Податоците се од извештајот на компанијата објавен подоцна вчера на берзата во Њујорк.

Загубата е значително поголема во споредба со истиот период од 2012 година, кога Twitter бил на минус едвај 8,7 милиони долари.

Приходите за четвртиот квартал на 2013 година биле 243 милиони долари – повеќе од двојно во споредба со истиот период од 2012 година, кога приходите беа 112 милиони долари.

Според извештајот, кон крајот на 2013 година од услугите на Twitter имаат корист во просек 241 милиони луѓе месечно – со 30% повеќе во споредба со крајот на 2012 година. Во последното тримесечје на 2013 година, сепак бројката е започната прогресивно да се намалува.

На берзата цената на акциите на Twitter, вчера паднаа за 17%.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …