52 години од загинувањето на советскиот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин


Јуриј Алексеевич Гагарин е советски космонаут кој на 12 април 1961 за прв пат во историјата на човештвото се вивнал во вселената и бил прв човек кој ја прелетал Земјата околу нејзината орбита. По летот, кој траел 108 минути, тој се спуштил јужно од Саратов.

На 12-ти април 1961 год., во беспрекорна тајност, поранешниот Советски космодром Бајконур влезе во историјата. Големата ракета на чиј врв се наоѓал вселенскиот брод Восток–1 полетала во Вселената, а светот во тие мигови сѐ уште не знаел дека се пишува новата историја на човечкиот лет во Вселената. Јуриј Гагарин и Герман Титов тоа утро заедно дошле до ракетната рампа.

Кога полетал во Вселената, Гагарин бил мајор по чин, но кога слетал на Земјата бил веќе полковник. Добил oрден od Ленин и е прогласен за Херој на Советскиот Сојуз. Низ СССР биле подигнувани безброј споменици, а улиците се именувале според него. Станал славен во целиот свет.

Гагарин загинал во авионска несреќа на денешен ден 27 март во 1968 година.


Видете следно

НЛБ Банка донираше 50 илјади евра за поддршка на Министерството за здравство и Инфективната клиника во Скопје

Со цел полесно справувањето на нашата земја со пандемијата предизвикана од коронавирусот, НЛБ Банка АД …