53.9% случаи од вкупно умрените биле лица од болести на циркулаторниот систем


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија, бројот на умрените лица е намален за 2.9% во однос на претходната година и изнесува 19 727 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10 339 или 52.4% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 122, и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.6% на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број на случаи се регистрирани во месец декември (1 880).

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.1 годинa, односно 75.7 години кај лицата од женски пол, или за 4.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 53.9% случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 18.9%, па со 4.7% се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.1% од вкупно умрените.


Видете следно

Какво време не очекува денес

Времето денес ќе биде претежно сончево, во источните делови со мала локална облачност и со …