56.5 % повеќе издадени одобренија за градење во однос на истиот месец претходната година


Според податоците на Државниот завод за статистика во март 2019 година се издадени 277 одобренија за градење, што е за 56.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 074 693 илјади денари, што е за 32.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 106 (38.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 35 (12.6 %) за објекти од нискоградба и 136 (49.1 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 277 објекти, на 125 (45.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 152 (54.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 276 станови, со вкупна корисна површина од 28 520 м2.


Видете следно

Коста Ивановски, CFA назначен за нов член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

Според последните промени во органите на управување на Сава пензиско друштво АД Скопје, Коста Ивановски, …