Колку изнесува просечната месечна исплатена нето-плата по вработен ?!


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 104.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11.6 %), Транспорт и складирање (10.0 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (8.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (10.3 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (10.0 %) и Транспорт и складирање (6.0 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, изнесува 24 192 денари.


Видете следно

УЈП: За неколку дена истекува рокот за увид во претпополнетата ГДП за 2018 година

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31.05.2019 истекува рокот за увид во …