70% од целокупното светско производство на лешници потекнува од оваа земја


Турција е првата земја во светот во производство и извоз на лешници. Се смета дека 70% од целокупното светско производство на лешници потекнува од Турција.

Тие лани донесоа речиси 2 милијарди долари од извоз на 227 556 тони лешници. Нив ги извезуваат најмногу за Италија, Франција и Германија.

52% или 118 000 тони лешници се произведени и извезени од 4 компании во Трабзон.

Турците како најголем светски производител и извозник на лешници во 2023 година планираат да остварат 4 милијарди долари од извозот на лешници.


Видете следно

Падна невработеноста во Велика Британија

Британските работници ги зазедоа речиси сите новосоздадени позиции во Велика Британија по гласањето за Брекзит, …