Breaking News

73 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола


На (25.01.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 73 возачи.
Од нив, 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 18 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.


Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.