9 декември неработен ден за сите граѓани во нашата држава


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2019 година (недела), односно 9 декември 2019 година (понеделник), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Свети Климент Охридски е првиот македонски архиепископ во исто време е творец на далеку познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.

По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, (административно регионот во тогашното царство бил познат како Кутмичевица) каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици. Тој е познат македонски и словенски учител и исто е познат по градот Охрид.


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …