90 дена затвор за најбогатото дете во Instagram


18-годишниот Парам Шарма е познат како „најбогатото дете во Instagram”. Тој има блог, во кој редовно пушта фотографии, потенцирајќи колку е богат – како истура шишиња скапи пијалаци во тоалетот, или едноставно држи големо количество и скапи телефони.

Овојпат тој е во вестите, поради тоа што беше уапсен. Шарма пуштил оглас во Craigslist за продажба на iPhone, кој сепак бил украден. Тој тврди дека го пуштил огласот наместо некој негов познаник, за да му направи услуга.

Тоа сепак не минало во судот и тој е осуден на 90 дена затвор. Тој треба да ја одлежи казната или да плати 30 000 долари кауција. Веќе две недели Парам е во затвор, бидејќи очигледно никој не ја платил неговата гаранција.

Адвокатот на Шарма тврди дека гаранцијата од 30 000 долари е премногу голема за ова кривично дело.


Видете следно

Калифорнија бара повлекување на вакцината на Модерна

Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат вакцините на „Модерна” против коронавирус …