Фото: Кели во To Catch a Thief (1955)

90 години од раѓањето на славната „Принцеза Грејс“


Грејс Патриша Келис (родена на 12 ноември 1929 – починала на 14 септември 1982) – американска актерка која по венчавањето во 1956 година кнезот на Монако, Рејнер III станала Кнегиња на Монако, именувана како Нејзиното Височество Кнегињата од Монако, често нарекувана „Принцеза Грејс“.

По впуштањето во актерските води во 1950 година, на 20 годишна возраст, Грејс Кели се појавила на њујоршката театарска сцена, како и во повеќе од четириесет епизоди од актуелните драмски дела, емитувани за време на раните 50-ти години, Златната Доба на телевизијата. Во октомври 1950 година со објавувњето на филмот Могамбо, таа станала филмска ѕвезда, углед потврден и во 1954 година со наградата Златен глобус и номинацијата за Оскар, како и главни улоги во 5 филма, вклучувајќи го и „Провинцијалка“, во кој покажала изведба наградена со Оскар. Се повлекла од актерството на 26 години за да започне со нејзините должности во Монако. Таа и кнезот Рејнер имале три деца: Каролина, Алберт и Стефани . Таа исто така ги задржала своите американски корени, одржувајќи двојно, американско и монашко државјанство.

Грејс Кели починала на 14 септември 1982 година, кога изгубила контрола врз своето возило, доживувајќи удар, и се судрила. Нејзината ќерка, Принцеза Стефани, била во автомобилот со неа и ја преживеала несреќата.

Во јуни 1999, Американскиот филмски институт ја поставил на 13-то место на нивната листа за врвни женски ѕвезди на америкнското кино.

Додека го посетувала престижното католичко училиште, Академијата Равенхил, Кели со своите сестри и мајка работела на модни општествени настани. Во 1942 година, на дванаесет годишна возраст таа ја одиграла главната улога во Не ги храни животните. Додека била средношколка таа глумела и танцувала, а матурирала во мај 1947 година во училиштето Стивенс, мала приватна институција во палатата на Волнат Лејн.

Во април 1955 година Кели ја водела американската делегација на Канскиот филмски фестивал. За време на фестивалот, таа била поканета да учествува на една фотосесија, во палатата во Монако, со кнезот Рејнер III, владетелот на кнежеството. По неколку одложувања и компликации, Кели го запознала кнезот на Монако.

По враќањето во Америка, Кели почнала да работи на „Лебед“, во кој како резултат на коинциденција таа е кнегиња. Во меѓувреме, таа започнала приватна преписка со Рејнер. Во декември, Рејнер заминал на патување за Америка, кое било одредено како службено патување, иако се шпекулирало дека тој активно барал жена.

Според, биографичарите кои пишуваат за Грејс Кели, велат дека нивниот брак не бил среќен. Таа била несреќна поради тоа што нејзиниот споруг како и кралското семејство не дозволувале да продолжи да се занимава со глума и да снима филмови, така што и покрај многуте понуди таа не смеела да прифати ниту една.

Кели и Рејнер ги направиле и двете, цивилна и религиозна венчавка. 40-минутната граѓанска свеченост се одвивала на 18 април 1956 година, во престолната просторија на палатата, и се емитувала низ цела Европа, со посета од 3,000 луѓе. Следниот ден, црковната прослава се случила во катедралата Св. Никола во Монако. Венчалниот фустан на Кели, креиран од познатата дизајнерка на МГМ Хелен Роуз, го подготвувале триесетина шивачки цели шест недели.

Возејќи од француската ривиера, на 13 септември 1982 година, заедно со ќерка си Стефани, кнегињата Грејс доживеала мозочен удар, поради кој таа изгубила контрола врз својот автомобил Ровер 6 и доживеала сообраќајна несреќа. Иако од рушевините била извлечена жива, таа имала претрпено сериозни повреди и била онесвестена. Починала следниот ден, во медицинскиот центар Монако (кој во 1985 година бил преименуван во Медицнски центар „Кнегиња Грејс“) без повторно да и се поврати свеста, на 52 години. На почетокот било соопштено дека принцезата Стефани поминала само со помали повреди, но подоцна се разјаснило дека таа се здобила со сериозни скршеници на вратот.

Грејс била закопана на семејната гробница Грималди, на 18 септември 1982 година, по масовното опело во катедралата Св.Никола во Монако.

Извор: Википедија


Видете следно

Арсовска: Потребна институционална поддршка за позиционирање на македонските брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a …