90 милијарди долари e причината за Саудиска Арабија да им дозволи на жените да возат


Дозволата на жените во Саудиска Арабија да се вози е историска за арапската земја и има многу логична причина.

Промената што стапи на сила вчера може да додаде 90 милијарди американски долари од приходите за земјата до 2030 година, според Блумберг. Гледајќи од друг агол, продажбата на 5% од акциите на Саудиска Арабија во најоптимистичкото сценарио ќе генерира околу 100 милијарди долари.

Со својата историска одлука, Ријад стави крај на својот статус како единствена земја во светот каде што жените немаат право да возат.

“Укинувањето на ограничувањето е можно да доведе до раст на жените кои бараат вработување во земјата. Ова ќе ја зголеми работната рака и ќе придонесе за сеопфатен раст на приходите и производството”, објаснува Зиад Дауд, кој е главен економист за регионот за Bloomberg Economics.

“Ќе биде потребно време, пред да се забележат првите такви промени и додека не се почувствува порастот на жените подготвени за влез во пазарот на трудот”, додаде тој.

Според неговите пресметки, поголемото учество на жените на пазарот на трудот може да придонесе за раст од 0,9% во бруто домашниот производ годишно.

Видете следно

Градоначалникот Георгиевски се сретна со италијанскиот амбасадор во  Р. Македонија, Карло Ромео

Градоначалникот на Бази Баба, Борис Георгиевски, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, …