91 година од раѓањето на борецот за граѓански права и за мир – Мартин Лутер Кинг Јуниор


Мартин Лутер Кинг Јуниор бил роден на 15 јануари 1929 и е афроамерикански баптистички свештеник, борец за граѓански права и добитник на Нобеловата награда за мир. Тој е еден од најзначајните личности во поновата историја на САД и се смета за еден од највлијателните поборници на ненасилството, а многу луѓе ширум светот го почитуваат како херој, миротворец и маченик. Како признание на неговата истакната улога во американската историја, во прв ред поради неговата улога за здобивањето на афроамериканците со основните човекови и граѓански права, во 1986, во негова чест, беше прогласен државен празник во САД, наречен Ден на Мартин Лутер Кинг, кој се празнува третиот понеделник во јануари секоја година.

Во 1954 станува пастор во Монтгомери, Алабама. Кога во 1955 Роза Паркс одби да се покори на правилата на сегрегацијата, црнечката заедница во Монтгомери организира бојкот на автобусите, а Кинг беше еден од водачите на тој бојкот. За време на кампањата, беше фрлена бомба врз куќата на Кинг, а подоцна е и уапсен.

Од 1965, Кинг почнува да изразува сомнежи во врска со улогата на САД во Виетнамската војна. На 4 април 1967 – точно една година пред неговата смрт – Кинг одржа говор кој беше остро насочен против улогата на САД во војната, инсистирајќи дека САД е во Виетнам „за да го окупира како американска колонија”, при што го нарече САД „најголем испорачувач на насилство во светот денес”.

Во прилог на својата посветеност на намалувањето на социјалните разлики, во 1968 Кинг ја организира „Кампањата на сиромашните”, која кулминира со марш до Вашингтон, при што на 3 април Кинг одржа говор во врска со сиромаштијата.

Следниот ден врз Кинг беше извршен атентат во Мемфис, Тенеси, додека се подготвуваше да предводи марш во знак на поддршка на синдикатот на санитетските работници од Мемфис. На неговиот погреб присуствуваа околу 300.000 луѓе.

Извршител на атентатот беше Џејмс Ерл Реј, а многумина се сомневаат дека владата беше вмешана во атентатот врз Кинг.


Видете следно

Ангеловска-Бежоска за СБС: Девизните дознаки од иселениците важни за македонската економија

Скопје, 5 август 2020 (МИА) – Девизните дознаки од иселениците и лицата на привремена работа во странство …