СДСМ: Финансиска поддршка од 600 до 800 денари месечно за струја за околу 7.500 семејства со ниски примања


СДСМ преку институциите што ги предводи останува посветена на надминување на последиците од енергетската криза и заштита на економскиот стандард на граѓаните, особено на ранливите категории.

Објавен е јавен оглас за доделување на финансиска поддршка на лицата со ниски примања во 2022 година, за која се обезбедени 60 милиони денари.


Со оваа поддршка месечната сметка за потрошена електрична енергија се намалува за 600 до 800 денари.

На јавниот повик може да се пријават сите, чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30 000 денари и тоа:


За самец до 15 194 денари, за домаќинство со два члена до 18 000 денари, за домаќинство со три члена до 21 000 денари, за домаќинство со четири члена до 25 000 денари и за домаќинство со пет и повеќе членови до 30 000 денари.

Финансиската поддршка, се доделува на месечно ниво по корисник, во времетраење од 12 месеци.


Проценките се дека со оваа мерка ќе се опфатат над 7 500 домаќинства, а повикот на министерството за економија е отворен 30 дена.


Видете следно

АНАЛИЗА: Капиталните инвестиции 2021 : реализација од 78,3%, кои министерства и институции колку потрошиле ?

Во 2021 та не се достигна планираното и најавено реализирање на паиталните инвестции од најмалку …