Абрамович испадна од топ 10 најбогати Руси


Роман Абрамович, кој е сопственик на фудбалскиот клуб Челзи и обожавател на супер јахти излезе од топ 10 најбогати Руси на списанието “Форбс” за 2013 година.

Магнатот кој има бизнис интереси во областа на челичната индустрија, рудниците, недвижностите и телекомуникациите, изгубил 1,9 милијарди долари од состојбата што сега се проценува на само 10,2 милијарди долари. Тоа го става на 13-то место во рангирањето на “Форбс”, објавено денеска.

Списанието не ја објаснува причината за намалувањето на богатството на Абрамович. Познато е дека тој поседува една од најголемите јахти во светот, која се користи за патувања низ целиот свет.

Бизнисменот е сопственик и на колекција од слики вредни над 1 милијарда долари.

На прво место во рангирањето на најбогатите Руси за втора година по ред е ставен магнатот роден во Узбекистан Алишер Усманов, чие богатство се проценува на 17,6 милијарди долари. Работи со рудници и дрво, а потоа се прошири кон медиумите и други сектори.

Усманов е на 34-то место на листата на “Форбс” на најбогатите луѓе во светот, а вториот најбогат човек во Русија е Михаил Фридман, поранешен сопственик на нафтената компанија ТНК-БП, кој го зазема 41-тото место во светот со богатство од 16,5 милијарди долари.

Во првите пет најбогати Руси влегуваат уште Лионид Михелсон, главен акционер во гасната компанија Новатек со 15,4 милијарди долари (47-и во светот), Виктор Векселберг, друг косопственик на ТНК-БП, со 15,1 милијарди долари ( 52-и во светот) и Вагит Алекперов, претседател на втората најголема нафтена компанија во Русија Лукоил, со 14,8 милијарди долари (55-ти во светот).


Видете следно

Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек“ добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2019 година

„Јовица Ивановски со стихозбирката „Човек” е добитникот на годинашната награда „Браќа Миладиновци”, која ја доделува …