Adidas ги смири инвеститорите


Вториот најголем производител на спортска стока во светот – германската Adidas, ги потврди очекувањата за приходите и профитот во 2015 година.

Од компанијата сметаат дека приходите ќе достигнат 17 милијарди евра, а оперативната добивка – 11%.

Менаџментот на компанијата се обидува да ги смири инвеститорите, кои во моментов внимателно ги следат финансиските резултати. Во септември Adidas објави дека профитот за 2013 година може да не ги достигне поставените цели.

“Ние повторно ќе го забрзаме растот и ќе се фокусираме на профитабилноста за да ги постигнеме поставените цели”, рече главниот извршен директор Херберт Хајнер пред инвеститорите денес.

Исто така Adidas очекува над 5 % раст на приходите во 2014 година и околу 1 процентен поен повисока профитна маргина.


Видете следно

Пакомак е првата македонска компанија која воведува повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

Со помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот …