Африканската економија со стабилни прогнози и покрај тешкотиите


Се зголемува бројот на „се повеќе големи” ризици, заканувајќи да го нарушат растот на супсахарска Африка, меѓу кои се избувнувањето на Ебола во западниот дел на континентот, исламистичкиот екстремизам во некои земји и растечките фискални нерамнотежи кај други, предупредија во понеделникот од ММФ.

Фондот сеуште очекува „солиден раст” кај повеќето економии, како во суб-сахарска Африка тој треба да достигне 5% во 2014 и да се зголеми до 5,75% следната година, гласи базната прогноза. Двигатели на експанзијата ќе бидат инвестициите во инфраструктура, силната земјоделска продукција, просперитетниот сектор на услугите, па дури и ниските цени на нафтата.

Од Фондот сепак предупредија дека целокупната оптимистичка слика е засенета од тешката состојба во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, каде што вирусот на Ебола зема се поголем број жртви. Трговијата, туризмот и инвестициската доверба може да бидат „сериозно погодени”, во случај да болеста се прошири во останатите африкански држави, додадоа од фондот.

Несигурноста поврзана со исламистички екстремизам во Северна Нигерија, Мали и брегот на Кенија, како и конфликтите во Јужен Судан и ЈАР исто создаваат моќни пречки пред економијата, пишуваше уште во извештајот.

Други пречки пак доаѓаат од внатрешната политика. Во Јужна Африка- втората најголема економија имаат тешкотиите со електричната енергија, сложените работни односи и ниските бизнис довери, објаснија од ММФ.

Најсиромашните земји најверојатно ќе постигнат најголемо забрзување на растот во 2014-15, како во Чад, Брегот на слоновата коска, Демократска Република Конго и Мозамбик и тој може да достигне над 8%.

Извештајот исто така беше оптимист во врска со Нигерија, каде што процентот на услужниот сектор во економијата кој е најстариот најголем сектор на африканската економија, речиси двојно се зголеми откако беа прилагодени националните сметки во текот на годината.

Во повеќето земји фискалната експанзија се должи на зголемените инвестиции во инфраструктурата. Сепак во неколку случаи, како во Гана и Замбија, зголемените фискални дефицити се водени од порастот на платите во јавниот сектор и други тековни трошоци. Ова става притисок врз девизните курсеви и ја зајакнува инфлацијата.



Видете следно

СКСЗМ: Има сектори во кои треба итно постапување

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија на конзистентен начин ги претставува барањата на бизнис заедницата кон …