Breaking News

Африкански милијардер го купува Шефилд Јунјатед


По неколку американски, руски, арапски и кинески милијардери, пред вратите на англискиот фудбал сега е и африкански милијардер, откако британските медиуми објавија дека 43-годишниот Нигериец Дозу Мобуси е на чекор од преземање на сопственоста на англискиот второлигаш Шефилд Јунјатед.


Според истите извори, нигерискиот милијардер ќе го купи англискиот клуб, кој во моментов е второпласиран во Чемпионшип лигата, за околу 100 милиони евра.


Мобуси е роден во Лагос, татко е на три деца, а неговото богатство се проценува на околу седум милијарди евра,

Шефилд Јунајтед, кој во моментов е во сопственост на саудиски принц, веќе извесно време е на продажба, а е под суспензија и има забрана за трансфери поради долг кон друг клуб.


Минатата година американскиот бизнисмен Хенри Маурис, основач на телевизиската куќа Clear TV, понуди повеќе од 120 милиони евра, меѓутоа зделката пропадна поради сложената финансиска структура која Американецот ја користеше во обидот да го купи клубот од Шефилд.

Од вкупно 20 клубови во Премиер лигата, дури 15 се во странски раце, додека од 24 во Чемпионшип лигата, доминантен странски капитал има во 14 од нив. ег/сд/


Лондон, 3 февруари 2023 (МИА)