Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со препораки за обуки до сите државни институции со цел зајакнување на домашниот туризам


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот презентираше Информација до Владата на Република Северна Македонија со препораки за обуки до сите државни институции со цел зајакнување на домашниот туризам.

Во препораките се наведува дека обуките и сите други настани кои се организираат за различни профили на граѓани и вработени во административниот сектор, а кои потпаѓаат во рамките на буџетот, да се организираат на дестинации во нашата држава, со цел поддршка на локалните туристички бизниси и зголемување на домашниот претприемначки дух.

Покрај ова, една од важните придобивки е фактот што средствата одвоени за реализирање на различен вид обуки и настани, ќе останат во рамките на домашниот буџет.


Видете следно

Ангеловска: Остварувањето на буџетските приходи е 12,7 милијарди денари, а на даночните 6,5 милијарди

Даночните приходи во мај бележат помал пад од проектираниот што покажува дека го имаме одбрано …