Агенцијата за туризам и општина Карпош со заеднички проекти до поуспешна туристичка промоција на Скопје


Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија, Љупчо Јаневски, денес оствари работен состанок со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Целта на посетата е реализација на проекти со заедничка соработка, која ќе се официјализира со потпишување на меморандум на соработка. Збогатување на туристичките содржини на градот Скопје и нивна промоција е приоритет во работата на Агенцијата за туризам. За таа цел тимот на АППТРМ ќе се вклучи во реализација на авантуристички парк и зип-линија во Карпош, кои ќе овозможат дополнителна атракција во општината. Исто така, ќе ја зголеми и конкурентноста со останатите општини во регионот. Во урбаните средини потребни се елементи кои ќе им овозможат на граѓаните лесно достапна атрактивна локација за рекреација и доживување на авантура после напорен работен ден.

Дополнителните залени површини во Карпош ќе ја зголемат посетеноста во општината и ќе го подигнат квалитетот на здрава животна средина како за најмладите така и повозрасните жители во овој дел од градот.

Агенцијата за туризам предвидува поголема промоција на општина Карпош и  вклученост во проектите, каде двете институции ќе можат да го дадат својот максимум за нивна реализација во интерес на граѓаните.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …