Агенцијата за туризам најавува раст на туристите од Хрватска и во 2019 година


Во организација на Агенција за промоција и поддршка на туризмот и нашите пријатели од меѓународниот саем за туризам “Place2Go”, Република Северна Македонија е прва земја партнер на овогодинешната самска манифестација.

Саемот за туризам “Place2Go” e центарот на туристичките случувања од 15-ти до 17-ти март. Повеќе од 200 изложувачи, 90 штандови кои се очекува да ги посетат повеќе од 16000 посетители.

Фокусот на Агенцијата за туризам во периодот што следи е зголемена промоција во земјите на Адриатик регија. Токму затоа се одлучивме да станеме земја партнер на овогодинешниот саем за туризам во Загреб, Хрватска. Директорот Љупчо Јаневски беше еден од говорниците на официјалното отварање на “Place2Go” каде го потенцираше пријателството на Македонија и Хрватска, традиционалната соработка, разбирање и поддршка.

Македонија во 2018 година е домаќин на повеќе од 24000 гости од Хрватска и постојан годишен пораст на бројот на туристи од Хрватска од 50 %. Истата статистика важи и за бројот на ноќавања. Одличнните ефекти од минатогодишните промотивни активности на АППТ на хрватскиот пазар и одличниот интерес за патување во нашата земја на хрватите не охрабрува и во 2019 година да очекуваме скок од 30-35% хрватски туристи .

Предвидуањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за оваа година се Република Северна Македонија да ја посетат 1,3 милиони туристи и што поблиску да се приближиме до 4 милиони ноќевања поминувајки ја бројката од 420 милиони долари девизен прилив од туризмот.

Македонскиот штанд беше посетен од хрватскиот министер за туризам, г- дин Гари Капели со кој разменивме значајни искуства и можности за зголемена туристичка промоција  меѓу двете земји. Градоначалникот на Загреб, г-дин Милан Бандич ни честиташе за одлуката Република Северна  Македонија оваа година да биде земја партнер, затоа што соработката е важна, обезбедува развој и одржливост каде туризмот има клучна улога. Штандот беше посетен и од г-дин Назиф Џафери вршител на работи при македонската амбасада во Загреб – Хрватска како и македонските иселенички здруженија во Хрватска и директорот на Агенцијата за иселеништо  г-дин Никола Шалваринов.

Директорот Јаневски  остварија состанок со претставници на Кроација Ерлајнс, за отварање на нова авио линија Охрид-Загреб која се очекува да биде од следната 2020 година. Потребата од зголемена конекција реално е потребна, последователно во преговери се отварање двојно повеќе летови ва линијата Загреб – Скопје. Следеќи ги трендовите на промоцијата со блогери, влогери, медиуми, соработката меѓу Агенцијата за туризам и Кроација Ерлајнс продолжува во месец мај со организирање на информативно патување за 30 новинари и тур оператори од Хрватска, кои ќе патуваат низ нашата земја.

Новинари, инфлуенсери и блогери од Хрватска,  на панел дискусија со сите посетители ќе ги споделат своите искуства од нивното патување низ Македонија. Секоја земја имам свој посебен идентитет и колку повеќе човек патува, толку повеќе има што да доживее. Патувањето низ Македонија е бесконечно искуство и затоа многу од нашите посетители се враќаат повеќе пати за да го посетат истото или некое друго место. Интересот за за кулинарските и винските рути низ нашата земја за хрватските патувачи е извонредно доживување, за нив следната дестинација оваа сезона ќе биде Република Северна Македонија.

Интересот на приватниот сектор за зголемување на бизнис релациите со хрватскиот туристички пазар оваа година значително е зголемен и бројот на коегзибитори на оваа саемски манифестација е во рекорден број  Енџој Македонија, Мацедонија Холидејс, хотел Парк од Скопје ,хотел Меркур од Тетеово, хотел Јуник Охрид, хотел Монтана Крушево,винарија Попова Кула и Охридски бисер Филеви.


Видете следно

Обединета Европа на 19. Моден Викенд Скопје

Шоурум со ексклузивни парчиња од дваесет и осум претставници на седумнаесет различни земји, гостување со …