Агро-еколошко зонирање за продуктивно земјоделското производство, отпорно на климатските промени


Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, присуствуваше на затворањето на двегодишниот проект на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ФАО за подобрување на продуктивноста на земјоделското производство, отпорноста кон климатските промени, како и креирање на информирани земјоделски политики.

Сето ова е сега полесно благодарение на воспоставувањето на национални агро-еколошки зони и агро-еколошки информативен систем.

„Првата база на податоци и веб-платформа која содржи најнови агро-еколошки податоци и мапи за Република Северна Македонија е клучен производ што подобро ќе ги информира земјоделските политики на национално ниво; и следствено, ќе помогне при адаптација на земјоделското производство кон климатските промени на локално ниво“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на отворањето на работилницата.

Иако е еден од најзначајните економски сектори во земјата, земјоделството се одликува со помала продуктивност во однос на просекот во Европската унија. Климатската варијабилност, особено раните мразови, сушата и поплавите, предизвикуваат сериозни штети на земјоделското производство и влијаат негативно на животот во руралните средини и достапноста на храната. Како земја кандидат за членство во Европската унија, Република Северна Македонија треба да го усогласи креирањето и спроведувањето на земјоделската политика со ЕУ стандардите, вклучително и услогласување на мерките за директна поддршка со националните и целите на Европската унија.

„Агро-еколошките зони специфични за земјоделските култури, почвите и климатските услови претставуваат корисна проценка на земјоделскиот потенцијал на земјата во поглед на продуктивноста и пазарната конкурентност. Истите обезбедуваат алатка за регионално и еколошко одржливо развојно планирање за одржливи системи за храна“, истакна Фанг Ченг, економист на ФАО. Тој додаде дека „Северна Македонија е првата земја од Балканот која почнува да спроведува агро-еколошка проценка, што е континуитет на заедничките напори на ФАО и Владата за подобрување на мониторинг во земјоделството и планирањето на употреба на земјиштето, како и унапредување на производните системи и националните политики засновани на модерни технологии”.

За решавање на овие прашања, ФАО работеше со МЗШВ, други институции и академијата, на развој на најсовремен информативен и аналитички систем, како и на човечки капацитети, според методологијата на ФАО за агро-еколошко зонирање. Тоа вклучува проценка на земјишните ресурси, заснована на почвени, теренски и климатски карактеристики, и давање приказ на производните и економските капацитети на над десет (10) земјоделски култури низ различни географски региони во земјата.

Претставници на клучните министерства, национални агенции, земјоделски здруженија, академијата, граѓански организации, меѓународни партнери и медиуми беа дел од настанот за да дознаат за првото агро-еколошко зонирање во земјата и придобивките за земјоделците и креаторите на политики.


Видете следно

ОЈО Охрид поведе постапка за фалсификување исправи

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа …